ДИМИТАР БАШЕВСКИ

РОМАНСИЕР ПОЕТ РАСКАЖУВАЧ ПРЕВЕДУВАЧ ИЗДАВАЧ

БИОГРАФИЈА

„Ништо не помрднав, a таков неред“

Од песната Неред

Димитар Башевски - романсиер, поет, раскажувач, преведувач и издавач. Роден во 1943 година во Ѓавато, Битолско. Филозофски факултет завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ од Скопје. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово”. Од 2000 до 2006 беше претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.

Башевски е автор на следните романи, книги поезија и раскази:

Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1972; Раска, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман,1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман,1990; Дневникот на Ања, роман за деца,; Привремен престој, поезија, 1995; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010, Прозорци, роман, 2010 и Белег. Сон, избор поезија, 2011, Прозорци, нова верзија, роман, 2013; Мајсторот, раскази, 2013г.; Скршнувања, поезија, 2013; Круг, роман, 2017, Избрани дела во шест тома, 2018; Писма од карантин, есеи, 2021; Дни, години, поезија, 2023.

Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногорски, албански и бугарски јазик. Застапуван во поголем број антологии на македонската литературе во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. За своите книги, тој ги има добиено наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, наградата Роман на годината („Утрински весник“) за романот „Бунар“, државната награда за долгогодишни остварувања „Св. Климент Охридски“, како и наградата за поезија „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година. Романот „Бунар“ во 2002 година беше номиниран за меѓународната награда „Балканика“, додека книгата раскази „Мајсторот“, беше во најтесен избор за меѓународната награда „Његош“ за 2015 година.

БИБЛИОГРАФИЈА

Дела
  • Туѓинец, роман, 1969
  • Враќање, роман, две изданија,1972 и 1993;
  • Раска, роман, 1974;
  • Нема смрт додека ѕвони, роман, четири изданија, 1980,1993, 1995, 2000
  • Нема смрти док ѕвони, Јединство, Приштина, 1983
  • Nuk vdiset derisa bien kampanat, Flaka e Vëllazërimit, 1985
  • Dokud bije zvon smrt nepřijde, Dar Ibn Rushd, Praha, 1994
  • Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985;
  • Куќата на животот, поезија, 1987;
  • Сарајановскиот каранфил, роман, три изданија, 1990, 1998, 1990;
  • Sarayanova karanfili, Birlik, Üsküp
  • Дневникот на Ања, роман за деца, две изд.,1994, 2003
  • Anya's Diary, Slovo, Skopje, 2007, translated by Will Firth
  • Temporal Stay, Forest Books, London, 1996
  • Vremelnika trecere, Orient-Occident, București, 1995
  • Привремени боравак, Арс лонга, Београд, 1998
  • Προσωρινή παραμονή, Εκδόσεις Αμφικτυονία, Αθήνα, 1998
  • Совладано време, поезија, 1998;
  • Бунар, роман, четири изданија, 2001, 2002, 2008, 2011
  • Бунар, Дукс, Подгорица, 2007
  • Pus, Serembe, Shkup, 2009
  • Бунар, Архипелаг, Београд, 2010
  • The Well, St. Clement of Ohrid National and University Library, 2011
  • Аголен камен, поезија, 2005;
  • Братот, роман, две изданија, 2007 и 2007,
  • Во дланката своја си гледам, поезија, 2010,
  • Прозорци, роман, 2010
  • Белег. Сон, поезија 2012
  • Прозорци, нова верзија, роман, 2013
  • Мајсторот, раскази, 2013
  • Скршнувања, поезија, 2016
  • Круг, роман, Слово, 2017
  • Избрани дела во 6 тома, Слово, 2018
  • Писма од карантин, есеи, Слово, 2021
  • Дни, години, поезија, Слово, 2023
Преводи
  • Линдон Роз: Земја на мртвило, Македонска книга, Скопје, 1968
  • Џек Лондон: Морскиот волк, Мисла, Скопје, 1973
  • Џек Лондон: Белиот песјак, Мисла, Скопје, 1973
  • Роберт Стивенсон: Островот со скриеното богатство, Детска радост, Скопје, 1998
    (и уште три изданија на „Наша книга“, „Култура“ и „Просветно дело“).
  • Колин Имбер: Османската империја 1300-1481, Слово, Скопје, 2002
  • Сретен Перовиќ: Македонија екумена, Слово, Скопје, 2006
  • Јеврем Брковиќ: Пантелеј на дрен, Слово, Скопје, 2007
  • Драган Великиќ: Руски прозорец, Слово, Скопје, 2009
  • Светлана Велмар-Јанковиќ: Лагум, Слово, Скопје, 2010
  • Гојко Божовиќ: Елементи, Слово, Скопје, 2010
  • Вида Огњеновиќ: Прељубници, Слово, Скопје, 2012
  • Гојко Божовиќ: Околни божества, Слово, Скопје, 2014
  • Владимир Тасиќ: Проштален дар, Слово, Скопје, 2015
  • Михајло Пантиќ: Премногу време за неважни нешта, Слово, Скопје, 2015
  • Добрило Ненадиќ: Доротеј, Слово, Скопје, 2015
  • Ласло Блашковиќ: Накитот на Мадона, Слово, Скопје, 2017
  • Иван Чоловиќ: Смрт на Косово Поле (заедно со Љ.Х. Башевска), Слово, Скопје, 2017
  • Сретен Асановиќ: Патник, Слово, Скопје, 2018
  • Бора Ќосиќ: Дневникот на еден апатрид, Слово, Скопје, 2019
  • Далибор Цвитан: Ервин и лудаците, Слово, Скопје, 2019
 

ОД ТВОРЕШТВОТО

  • Дни, години

    Книгата ја доби наградата „Браќа Мила­диновци“ за 2023 година, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата. При објавувањето на одлуката на жирито што ја додели наградата, покрај другото се вели: „Песните на Башевски носат наталожени животни и творечки искуства вклопени меѓу кориците на една стамена книга на автор од формат чии резимирачки поетски изблици претставуваат густ и во исто време прочистен и прозрачен сублимат со слоевити значења и пораки. Тие и такви песни се своевидни ‘зборовни гнезда’, според една негова синтагма, кои имаат специфична улога: тие колку што одгатнуваат, толку загатнуваат, внесувајќи не во неизречивото, до таа едноставна, ‘таа суштина чиста’. На тој начин стихозбирката „Дни, години“ се издига на степен на исклучително поетско дело со богата и модерна изразност на ‘проста и строга песна’“, се наведува во образложението на Комисијата.

  • Скршнувања

    Станува збор за поетска книга која доаѓа по порано објавените десетина романи и пет книги поезија на овој автор. Книгата донесува обемен поговор од академик Катица Ќулавкова под наслов „Некои белези на поезијата на Димитар Башевски“. Покрај другото, во својот аналитичен текст, потсетувајќи и на досегашните согледби од други критичари, таа заклучува дека може да се сумира дека поезијата на Башевски има психолошка димензија, дека тој како поет тематски е опседнат со парадоксалните и менливи идентитети на поразот и подвигот, дека поетскиот израз се стреми кон едноставност и комуникативност...

  • Белег.Сон

    Изборот поезија е направен од книгите поезија: Куќата на животот (1987), Привремен престој (1995), Совладано време (1998), Аголен камен (2005) и Во дланката своја си гледам (2010). Критиката оценува дека „...стиховите на Димитар Башевски се убедлив уметнички факт за важењето на геслото за поеззијата како говор „за крупни нешта со моќен глас“ постулирано од Блаже Конески. Автор со широк духовен хоризонт во кој се среќаваат, се одгледуваат и плодно се вкрстуваат личното и колективното, историското и митското паметење, Димитар Башевски ни понудува едно искуство доведено до степен на читста поетска кристализација“.

  • Бунар

    Романот Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сè уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори заради доминантните мотиви на сомнеж, на неразгатливи гласови, на паралелни наративни текови, наизглед неисцрпни во мера во која Oвој роман може да го понесе епитетот отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај. „Бунар“ од Башевски е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, номиниран за меѓународната награда „Балканика“ и роман кој зад себе има повеќе изданија во земјата и странство.

КРИТИКИ И РЕЦЕНЗИИ

  • Прозорци

    Прозорци е роман кој го поставува прашањето дали вреди да се живее за еден единствен сон, па макар да се работи за еден совршен роман или расказ, и дека често пати она што не го гледаме ние за себеси, го гледаат другите. Критиката за овој роман има речено дека е психолошки длабок, стилски перфектно обликуван и јазички чист роман, лоциран во актуелното време и простор и дека романот „Прозорци“ на „маестрален начин, како Рубикова коцка, ја расклопува човечката душа, составувајќи ја повторно парче по парче во приказната распната меѓу прозорецот на писателот што пишува ‘уметничка белешка’ за она што го чувствува и прозорецот на полицискиот инспектор од соседната зграда кој пишива ‘службена белешка’ за она што го гледа“.

  • Мајсторот

    Мајсторот содржи 11 раскази, во кои Димитар Башевски раскажува приказни за љубовта и страста, за потребата на луѓето да сонуваат и на тој начин да ги надминат ограничувањата на сопствената егзистенција. Умешно комбинирајќи ги можностите на стандардниот и на разговорниот јазик, користејќи ги хуморот и иронијата како клучни елементи во раскажувачката постапка, авторот успева да создаде исклучително впечатливи ликови и ситуации полни со драматичност. Темите и егзистенцијалните преокупации на расказите се добро познати, но поради специфичноста на перспективата од која се предадени, тие се читаат како освежување на овие теми. Истовремено, Мајсторот е интересен и вистински успешен обид да се долови еден специфичен слој на луѓе и духот на едно време.

  • Белег.Сон

    Изборот поезија е направен од книгите поезија: Куќата на животот (1987), Привремен престој (1995), Совладано време (1998), Аголен камен (2005) и Во дланката своја си гледам (2010). Критиката оценува дека „...стиховите на Димитар Башевски се убедлив уметнички факт за важењето на геслото за поеззијата како говор „за крупни нешта со моќен глас“ постулирано од Блаже Конески. Автор со широк духовен хоризонт во кој се среќаваат, се одгледуваат и плодно се вкрстуваат личното и колективното, историското и митското паметење, Димитар Башевски ни понудува едно искуство доведено до степен на читста поетска кристализација“.

  • Бунар

    Романот Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сè уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори заради доминантните мотиви на сомнеж, на неразгатливи гласови, на паралелни наративни текови, наизглед неисцрпни во мера во која Oвој роман може да го понесе епитетот отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај. „Бунар“ од Башевски е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, номиниран за меѓународната награда „Балканика“ и роман кој зад себе има повеќе изданија во земјата и странство.