Младен Весковиќ

БУНАР

(Автор: Димитар Башевски, издавач Архипелаг, Белград, 2010)

Ова е краток роман на еден од најдобрите современи македонски писатели и дело кое спаѓа меѓу најдобрите македонски романи напишани во претходните дваесеттина години. Комбинирајќи ја класичната нарација и постмодерните стратегии на сомнеж во текстот, Башевски обликува исповед-приказна за еден писател и новинар кој, веќе остарен, се враќа во родното село, сакајчи да пишува, но и да стори нешто за општото добро. Сака да ископа бунар... на селаните да им го олесни живоотот, а затоа за да ги повтори делата на еден свој предок за кого се уште живее едно контроверзно усмено предание.. Остварувајќи ја таа желба, јунакот доаѓа во судир со околината, со својата жена и братот, та на крајот останува сосема сам и без ништо.

Што е квалитетот на оваа книга: тоа што на мал број страници дава автентична балканска драма на еден мисловен поединец, чии знаења не успеваат да го зачуваат од сопствената суета, но и од сомнежите и од одмаздата на колективот и мачните негаторски анализи на сопствената жена со која го одживеал безмалку целиот живот. На крајот сите се на губиток: и тие кои даваат и тие кои примаат, а прашањето зошто е тоа така отсекогаш (бидејќи судбината на главниот јунак циклично ја повторува сидбината на неговиот предок) е вткаено во сржта на романот и претставува негов естетски и сознаен врв (Одломка од Блиц, Белград, 2010).