Сретен Перовиќ

СЛОЖЕНАТА СИМБОЛИКА НА ЖИВОТОТ

(Од поговорот кон црногорското издание на “Бунар”, Дукс, Подгорица, 2004)

Романсиерот, поетот и преведувачот Димитар Башевски (Ѓавато, битолска област, 1943) припаѓа на елитната група творци во бујниот тек на современата македонска литература... Творештвото на Башевски, високо рангирано од домашаната критика, ги доби највисоките национални признанија...и е мошне ценето меѓу странските познавачи на современата македонска литература...

Вистинско задоволство е ако преведувачот, кој во кој тежок вид на творештво вложува ненадоместлив дел од сопствената стилско-јазична креативност, пред себе има дело со рафинирана провокативност, возубудлива слика на контроверзни човечки судбини, со незавиден социјален статус и состојба, дело со критички дух кој осцилира меѓу стрпливо одгледаната надеж и упорно наметнатата безнадежност. А токму тие одлики ги има осмиот роман на Димитар Башевски – „Бунар“, чија особена идиоматика настојував што поадекватно да ја преточам од македонското во црногорското јазично милје...

Според мотивите кои Башевски суптилно ги вткајува во сложените човечки меѓуодноси, според интелектуелниот опсег, според моралните провокации и нивните последици, „Бунар“ му припаѓа на родот лирско-филозофски прозни структури.

Истакнатите македонски литературни критичари и теоретичари на литературата романот „Бунар“ го ставаат во постмодерната проза, и тоа становиште особено го поткрепуваат со авторовата деструкција на утврдените форми („роман во романот“, како што велат), но и со тоа што го афирмира хронотопот на бунарот и со посредувањето на симболичната семантика ја реафирмира неговата архетипика.

Со своите особени одлики „Бунар“ претставува драгоцена новина во македонската прозна и во црногорската преведувачка и издавачка продукција.