Катица Ќулавкова

НЕКОИ ОДЛИКИ НА ПОЕЗИЈАТА НА ДИМИТАР БАШЕВСКИ

Кога 1987 година ја објави својата прва кни-га поезија Куќата на животот, Димитар Башев-ски скршна од дотогаш зацртаниот пат на роман-сиер, што го беше започнал 1969 година, речиси две децении порано. Роден 1943 (с. Ѓавато, Би-толско), Башевски се претстави себе како поет на 44-годишна возраст. Не знаеме кога го открил кај себе поетот, но кога и да го сторил тоа, добро сторил. Башевски е писател кој на зрела возраст се соочува со фактот (даденост) дека е тој нада-рен првенствено за пократките книжевни видови, расказ, новела (краток, мал роман) и песна. Не дека - за да истакнам една дарба порекнувам дру-га, туку напросто за да подвлечам дека денес, по четириесет и пет години творење книжевност, сума сумарум, најсилни негови дела спаѓаат во тукушто спомнатите книжевни видови: неговиот мал роман (долга новела) Братот (2007), негова-та книга раскази Мајсторот (2013), како и него-вата книга поезија Белег. Сон (2012), склопена како избор од неколку поетски книги на Башев-ски: Куќата на животот (1987), Привремен престој (1995), Совладано време (1998), Аголен камен (2005) Во дланката своја си гледам (2010). Со мали отстапки, тука влегуваат и романот Бу-нар (2001), односно неговиот литераризиран Дневникот на Ања (1994).

За 23 години, Башевски објавува пет поет-ски книги и еден избор (на македонски јазик, значи не ги броиме овде преводите на неговата поезија), па сепак тешко го пробива востанове-ното сфаќање дека е пред сè и над сè прозаист и романсиер. А ете, романсиерот испадна врвен раскажувач и поет. Точно е дека неколкумина македонски критичари позитивно се изјасниле за поетските дострели на Башевски. Ќе ги спомне-ме тука исказите (критики, поговори, предгово-ри, рецензии) на Слободан Мицковиќ, Петар Т. Бошковски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски и Бранко Цветковски, како и јадровитиот исказ на проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска, која вели (2013): „Башевски е поет на трагичното чувствување на животот согледан низ призма на личната, историската и метафизичката судбина; оттаму, неговите песни, често пати, содржат дла-боко осмислена, завршна поента или етичка по-рака.“ (во антологискиот избор подготвен за претставување на македонската современа пое-зија во Турција и Шпанија, да се види веб стра-ницата на „Разноликост“ www.diversity.org.mk). Дел од критичките записи за поезијата на Д. Ба-шевски се наведени како прилог кон изборот од неговата поезија Белег. Сон (2012). Па сепак, на поезијата на Башевски допрва £ претстои да го заземе заслуженото место меѓу вредностите на македонската поезија од преминот на вековите, крајот на XX и почетокот на XXI век.

На што укажуваат македонските критичари и писатели пишувајќи за поезијата на Башевски? Накусо прикажано, тие сметаат дека поезијата на Башевски:

- „ја воспева драмата на личноста среде егзистенцијалниот и етичкиот вртлог на човеко-вото траење“, во неа „не се изрекува конечен суд за светот и за човекот, туку се искажани трајни, тревожни и тешки стихови за судбината на чове-кот“ (Бранко Цветкоски);

- Во неа „се вкрстуваат личното и колектив-ното, историското и митското паметење“, таа е „мисловно јасна, емотивно длабока, етички те-мелна, изразно прецизна, инспиративно автен-тична и изворно свежа“ (Петар Т. Бошковски, 2003);

- Поетскиот модус на Башевски е близок „до некои значајни поетски дела во нашата поезија – до некои песни на Блаже Конески, до Сина песна на Анте Поповски, Небесен камен на Петар Т. Бошковски...“, а во светската близок до Констан-тин Кавафис, Еуџенио Монтале и др. Парадок-салното проектирање на поразот и подвигот еден во друг, темел на поезијата на Конески, се реф-лектира и во поезијата на Башевски, на нему својствен начин (Слободан Мицковиќ, 1998);

- Башевски ја користи „мошне често матри-цата на митот, пред сè на старогрчкиот и во по-мала мерка на христијанскиот, за да искаже не-кои општи вистини во своите стихови.“ Присут-на е психолошката и метафизичка димензија во неговата поезија (Ефтим Клетников, 1995);

- „Песните во Аголен камен се доживуваат како мали, всушност, како големи психолошки студии“ (Санде Стојчевски, 2006). Значи, недвосмислени се ставовите на не-колкумина македонски критичари дека поезијата на Д. Башевски има психолошка димензија, дека тематски е опседнат со парадоксалните и менли-ви идентитети на поразот и подвигот, дека поет-скиот израз се стреми кон едноставност и кому-никативност, дека поетот се труди да се огледа во колективното искуство и меморија и него да го отслика во своето лично искуство, дека песни-те на Башевски го постигнуваат идеалот канони-зиран од Конески за „простата македонска пес-на“, дека идејниот и значењски простор се проте-га, не без драматичност, меѓу две точки, естет-ската и етичната, меѓу убавото и доброто.

Читајќи го ракописот на последната книга поезија на Димитар Башевски, под наслов Скрш-нувања (2016), ми се даде можност за нужна спо-редба меѓу последнава (книга) и неговите пет претходни книги поезија. Книгата Скршнувања не може да се толкува изолирано од севкупниот поетски опус на Башевски. Таа е напросто соста-вен и суштествен дел од тој опус. Низ нејзиниот пример би можело, врз начелото на синегдохата, да се осветлат скришните поетски предели на претходните книги, на сите книги заедно. Таа е дел од целоста кој ја опишува целоста. Целината на поетскиот опус на Башевски е огледан во се-која негова книга одделно, а посебно и на интен-зивен, моќен начин во последнава, шеста книга Скршнувања. Поетскиот опус на Башевски, со други зборови, е стабилен во својот идентитет, одделните книги само го потврдуваат а не отста-пуваат од него. Освен тоа, секоја нова книга на Башевски е посовршена, значи и последнава не-гова, шеста книга, посведочува еден творечки развоен подвиг. Токму тој Подвиг е поводот да се осврнам на поетскиот опус на Димитар Ба-шевски.

Зошто е тоа така, зошто Скршнувања е пара-дигматична книга за поетскиот Подвиг на Дими-тар Башевски?

Дали затоа што Скршнувања е потврда на досега напишаното, доказ плус дека имаме рабо-та со сериозен поет кој во шесте свои книги го профилира својот идентитет, го легитимира својот поетски начин, го изведува својот поетски подвиг? Или затоа што во неа е усовршен поет-скиот пристап (модус, стил, постапки и начини) на Башевски? Ако не сакаме да бидеме исклучи-ви, тогаш ќе кажеме дека е точно и едното и дру-гото: последната книга на Башевски е легитима-ција на поетскиот идентитет на Д. Башевски, а во исто време покажува капацитет за усовршување на тој идентитет на поет. Не би рекла дека е стигнато до крајот, оти ако тоа го кажам, ќе се изгуби смислата на секое натамошно пишување поезија. Каде ќе биде врвот (поетската Висост) допрва ќе видиме кога навистина ќе знаеме дека е ставена последната точка на Кругот. Сега за сега, кругот се врти, се ис-пишува, се до-пишува.

Ако романсиерот скршна од насоката Проза кон насоката Поезија, тој тоа го направи за да му одговори на својот поетски повик, а не за да остане со една патека помалку. Напросто има сега да изодува повеќе патишта и да стигне до целта побогат со творечко и јазично искуство. Товарот е поголем, но не и потежок за носење. Задоволст-вата од книжевниот товар им пркосат на страда-нијата. Пасијата по поезијата, како и секоја паси-ја која го осмислува постоењето, е нужно иску-шение. Небаре во далечината е испишан вир-туелниот графит „Скршни од патот за да стиг-неш до целта!“

Во тој контекст, сметајќи ја книгата Скрш-нувања за карактеристична за поетското тво-рештво на Башевски, ќе ги искажам своите сог-ледби на вкупното досегашно поетско творештво на Башевски користејќи, најчесто, иако не и иск-лучиво, примери од Скршнувања. Нема да навле-гувам во експлицитна полемика со некои ставови за неговата поезија, иако некои не ми се чини де-ка се суштествени за поезијата на Башевски, како ставот дека таа се темели врз старогрчката и христијанската митологика. Во моите согледби се веројатно вградени некои претходни сознани-ја за поезијата на Башевски, тоа е непоречно, но исто така тие се отворени и за поинаква оптика и интерпретација. Па, да преминам на својата ана-лиза (разработка).

Поетскиот свет на Башевски, „неимарен“ низ шест збирки, иконописан во текот на осум-наесет (веројатно дваесет) години, сугерира една вечна вистина што често ја забораваме и ја пот-ценуваме. Тоа е вистината дека човекот не живее само во општество туку и во природа, првенстве-но во природа. Токму затоа, допирот на човекот со природата не смее да биде маргинален, стра-ничен, оти може да се случи и допирот на приро-дата со човекот да се маргинализира, па човекот да се отуѓи од неа (природата), а со тоа да се оту-ѓи и од себе. Да се запостави природната димен-зија на човекот значи да се предизвика една сос-тојба на психофизичко тлеење, чемреење и боле-дување. Свесни за тоа или не, природата ни е не-опходна и таа со ништо артифициелно не може да биде надоместена. Следствено, сетете се дека сте опкружени со природа, па ако градот ви ја попречува врската со неа, не чекајте таа да ви дојде дома, на прагот, излезете вие од дома, пре-чекорете го прагот, скршнете од утабаните кала-пи на цивилизацијата, општеството и државата и појдете кај неа. Едно од геслата на оваа поезија, искажани во поттекстот, индиректно, е „Вратете се во природа(та)“, мајката природа. Тоа е први-от и основен мит, ако веќе говориме за митски предлошки во поезијата на Башевски, митот во којшто е осуштествен архетипот на раѓањето, исконскиот идентитет на човекот да биде дел од природниот свет, да го зборува јазикот на природата.

Како поет кој е хиперсензибилен на приро-дата и нејзината митопоетика, Башевски води ис-крени, неискривоколчени со учена етикеција, разговори, кажува непосредни монолози, свесно поедноставени за да бидат потресни во својата едноставност. На исказен план (дискурс, ретори-ка, стил), поетските дијалози, монолози и репли-ки ја избегнуваат стапицата (мамката) на апст-рактниот говор, ослободени се од претензијата да бидат учено есеистични. Напротив, тие се од-ликуваат со извесна „неизвештачена природно-ст“, со извесна визуелна сировост, тактилност, аудитивност, мултисетилност (допри го дрвото, водата, земјата, откопај бунар, насади цвеќе, ми-рисни ја ливадата, подај се на ветерот, слушни ги птиците...). Оттаму во песните на Башевски ста-пува на сцената на поетскиот говор начелото на умерена, смирена синестетичност, облик на изразување во којшто сетилата и сензациите се испреплетуваат и се огледуваат едни во други: мирисите звучат, звуците мирисаат, допирите зборуваат, боите се чувствителни, водата пам-ти... Ако постои некоја митска матрица во поези-јата на Башевски, тоа е матрицата на синкре-тичниот Искон.

Стравот да не се изгуби допирот со Исконот го враќа поетот „назад“ во напуштените села, ра-зурнатите куќи, затнатите бунари и извори, а ментално го води кон митските слики на Гради-ната/Рајот, на Домот/Семејството, на Бунарот. Домот (куќата, селото, татковината, родината) во поезијата на Башевски е издигната на рамниште на „сакрален простор“. Во песната „Круг. Сеќа-вања“, се истакнува, непретенциозно, речиси наивно мудро, дека центарот (почетокот) на кру-гот и на кружницата е едно „малендаво селце“, дека колку повеќе се оддалечуваме од почетокот, толку подлабоко се враќаме во сеќавањето токму на него, на почетокот, на сакралното, свето „Сел-це“ (би рекле дека зборот село повикува слики на населба, население, значи место за живеење, за населување!).

Каде и да допреш, сеќавањето боли

Неговиот поглед завива по кружницата

А тој е дете, уште еднаш божем дете

Во центар на круг од сеќавања.

Тоа дава на неговата поезија извесна прво-битна т.е. „примитивна“ сценографија и амбиент (некои би рекле „рурална“) од којашто произле-гува специфичниот инструментариум на описи-те, опсервациите и асоцијациите, вклучително и митскиот клуч на поетските слики. Во тие стил-ско-семантички „склопци“ е впишан основниот инстинкт (порив) да се сочуваат корените. Во тие „примитивни песни“ впишан е стравот да не се изгуби Домот, да не се доживее судбината на откорнатиците, на иселениците, на (традицио-налната веќе) македонска дијаспора. Стравот е тука впишан, не како цитат на туѓа судбина (на јабанџии), туку како своја, лична судбина, како доживеано искуство, како семеен жиг, како на-ционален белег, како отворена опција. Тој страв е впишан во македонскиот код и се проектира во поезијата на Башевски како сенка на една веро-јатна и можна стварност, како присуство на еден паралелен живот на поделеното и откорнато се-мејство.

Тука се соочуваме, дискретно, со митската слика на откорнатикот која го востановува ант-рополошкиот, па да речеме и митскиот поттекст на песните на Башевски (Одисеј, Силјан Штркот како парабола на преселбите и поимањето на преселбата како искушение, како грев и казна, а враќањето како прошка, награда и откупување на гревот, Аријадна, лавиринтот). Тука се вклопува и темата на враќањето – враќањето/неповратот на иселениците, една од носечките теми во рома-ните на Башевски, како и враќањето или повто-рувањето на историјата. Законот на светот.

Но, тука е вплетен и архетипот на стравот од осаменоста кој е другото лице на стравот од животот, од таков, осаменички живот. Стравот од смртта е нешто друго. Кај Башевски не гледа-ме дека се затвораат очите од страв пред смртта, напротив, тој се поттикнува свесно да ја согледа физиономијата на смртта, и тоа не било која смрт (идејата за смртта), туку сопствената. Тоа лично, незаменливо и неотповикливо искуство на свеста и на чувствата, им дава на песните по-себна емотивна и човечка димензија. Ете уште еден тематски, емотивен и филозофски слој на поезијата на Башевски, негувањето на култура на свесност за смртноста, смртноста на живите суштества, смртноста на човекот, па и “смртнос-та“ на културите, обичаите, домовите, родините, идентитетите... Смртноста, меѓутоа, не е обична неминовност која може да ни го уништи животот (живеачката), туку исто така е „услов без кој не се може“. Смртноста може да го осмисли живо-тот, давајќи му една самрачна но сепак колорит-на смисла, како залез, како што при залез пред-метите и природата стануваат потопли, понежни од тихата и дисперзивна светлина, па можат по-долго да се гледаат. Ние знаеме дека смртноста е влог за осмислување на животот. Бесмртноста обесмислува. Бесмртноста, дури, може и да обез-човечи. Оттаму уметноста, па и поезијата, е опседната од смртните прашања и исполнета со ре-минисценции на архетиповите (праобрасците) на тие (смртни) прашања. Станува збор за лицето на стравот (од смрт, од осаменост, од загуба), на еросот, на гревот, на промашениот живот, на ис-кушението, на Сенката и несвесните и мрачни страни на човековото битие, Лица кои се огледа-ат во симболи и реторички фигури, ритмови и дикции, алузии и алегории, во светот на песната. „Јас во смртта не верувам“, се вели (реплика) во песната „Наксос“, ама смртта ја живеам (импли-цитно сугерирана мисла со сликата на животот кој езди „со златни стапала од портокал“).

Како што на залез можеме да гледаме во сонцето со голо око, така на старост можеме да гледаме во смртта долго, спокојно, со извесно уживање. Како што на залез можеме да ги гледа-ме отсјаите на сонцето уште долго по неговото заоѓање, така и во животот можеме да уживаме по заоѓањето на младоста, во смирноста на пос-тоењето. Ваков агол на гледање на животот, на стварноста, на себеси, на историјата, на природа-та, кај Башевски е поставен уште во неговите пр-ви две збирки – Куќата на животот (1987) и Привремен престој (1995). Тоа е агол на една „успокоена страст“, ама сепак страст која неко-гаш бликнува во сиот свој жар како црвените ру-мени откоси на сонцето откако тоа ќе зајде. Би можеле да се наречат овие песни залезни песни, а збирките поезија „залезна поезија“. Поезија која го опева зајдисонцето на постоењето, личното, семејното, колективното. Па дури и насловите на овие збирки ги навестуваат граничните огради на поетскиот атар на Димитар Башевски, меѓите на неговиот поетски имот. Таму, на местото каде што пасијата (кај нас тавтолошки се вели пасио-нирана страст) преоѓа во мудрост, во изнијанси-рано набљудување, таму, кај што се губат стро-гите линии и категоричните ставови, кај што од предметите остануваат силуетите и сенките, таму започнува насетувањето на метафизичкиот свет. Таму поезијата на Башевски се одлепува од тлото на земјата и куќата и го свртува својот пог-лед некаде подалеку, отаде предметите, отаде физичкото, отаде видливото, за да си го постави прашањето на смислата на суштествувањето, на постоењето. Таму е смислата, невидлива, ама постои. Смислата која е пожестока и болна кога е изгубена. Смислата која нè соочува со себеси, а ако заслужиме, можеби и со божественото.

Трагизмот во поезијата на Башевски е пос-тавен зад сцена, зад завесите. Тој не кокетира со големи теми и големи емоции, тој не очекува громогласен аплауз. Дури и кога ја загатнува те-мата на одмаздата (на пр. во песната „Скршнува-ње“), која претпоставува извесна опсесивност и фанатизам, овој поет не ги испушта уздите од раце, не ламентира, а сепак изразува силни чув-ства, предочува мрачни состојби на душата, на-вестува присуство на Сенката и на „митските ог-нови“, ама тоа го прави како да прикажува некое свое насетување, а не категоричен став:

... За да му се одмаздиме на времето

Кое божем нè забавува

Тој оди, а коњот во него се опира

Ја гризе уздата, ја гризе

Во поривот да скршне скраја...

Поетскиот исказ на Башевски е дискретен, внимателен, небаре постојано води сметка да не ја наруши рамнотежата на мудрата промисла. Тука навистина би можело да се каже дека пое-тиката на Димитар Башевски е сродна со поети-ката на Блаже Конески, на Константин Кавафис, на Петар Т. Бошковски и Анте Поповски. Него-вата поезија е камерна, има потреба од средба во четири очи, од читање во тишина. Неговата поет-ска дикција е непретенциозна и во тоа е нејзини-от шарм. На таа непретенциозност е прилагодена и лексиката на песните, па и дискретната рит-мичност и повремените созвучја, местимичните совпаѓања на внатрешните и на надворешните рими.

Кога сме веќе во кругот на танатичките мо-тиви, не би можеле а да не ја спомнеме и ерот-ската дикција во поезијата на Башевски. Таа се претставува низ евокативни медитации и асоци-јации, визуелно, понекогаш и низ некои парадок-сални откровенија, не оддалечени од секојдне-вието, не за да го банализираат, не за да го упро-стат значењето на еротизмот, туку за да ја доло-ват неговата сетилна димензија, да речеме – свој-ственоста на еротиката да биде дел од животот. Тука ќе упатиме на песната „Ако гледаш отстра-на“, која оди по рабовите на „дозволеното“, која се обидува да ја наслика обратната страна на фи-ните граѓански манири и идеални љубови/врски, ама преку упадот на персиската мачка, со „божја помош“, што би се рекло. И тоа е така „башеви-јански“ прикажано, навидум наивно, ама про-мислено, навидум одмазднички, ама проштално, навидум фатално, ама сепак сè уште само „во обид“. Тоа што љубовта го води субјектот до са-миот крај, во крајности, покажува дека таа, љу-бовта, е стожер во имагинарниот и во егзистен-цијалниот дом на поетот Башевски. Тој стожер е второто сакрално средиште во светот на неговата поезија, покрај селото, огништето, куќата, буна-рот, градината...

Ние знаеме дека животот лишен од еротика не е осмислен живот, побрзо би бил обесмислен и постојано би се доведувал самиот себе „во пра-шање“. Исто така, и поезијата лишена од еротика не возбудува. Станува збор за една метафизичка возбуда зад којашто, сепак, сепак се простира еросот во својата изворна сетилност, овоплоте-ност и осуштественост. Како тенденција кон крајните точки на постоењето. Како стремеж кон обратното, како инверзија, како приврзување за сенката која ни создава зазор, ама без којашто не можеме. Како доказ дека сме живи. Како порив кон другиот. Како љубов спрема себеси. Но, и заради исконскиот (првобитниот, примитивниот) порив да направиме исчекор од себе, да го заса-каме другиот, да создадеме семејство, свое са-крално село, да се населиме во него и да се оби-деме да го намалиме налетот на осаменоста. Сен-ката на смртта. И тука се востановува етичката димензија во поезијата на Башевски, потребата да се преиспитаат моралните норми, ама во исто време и да се понуди свој одговор за моралот како парадигма на човечното, колку и да е пробле-матичен, двосмислен и некогаш погубен. Оти чо-вечКото е, нели, нешто друго, и не секогаш е на страна на човечНото – хуманото и моралното.

Во тој комплекс на песни во коишто се збиднува трансфер (пренос) на традицијата, от-кровение на суштината, поезијата на Башевски остава впечаток на длабоко лична и конфесио-нална во најубавата смисла на зборот. Тука спа-ѓаат песните од родот на песните „Тестамент“ („Место имотот, дарбата твоја да ми ја оставеше, татко / да знам како тебе да ѕидам, да редам ка-мен на камен /и да можев така, да ти бидам ра-мен.“), „Секогаш тука“, „Градина“, „Отштета“ (Во дланката своја си гледам, 2010), „Пријател-ство“„Ѕвездогонец“, (Привремен престој,1995), „Ѕидарите“, „Лавиринт“ (Куќата на животот, 1987 ), „Аголен камен“ (Аголен камен, 2005), „Тој“, „Страв“, „Право на повторен избор“, „Се-кавица. Заборав“, „Да не го кажев тој збор“, „Круг. Сеќавања“, „Глетки. Глад“, „Дел од цело-то“„Излегување од Преспа“, „Копање бунар“, „Среќните остануваат дома“, „Писмо до себеси“, „Дури мајка шие копче“ (Скршнувања, 2016).

На крај, ќе упатам на песната „Трофеј“ од книгата Во дланката своја си гледам (2010, 41), која е илустративна за оној слој од поезијата на Башевски кој предочува битни сознанија на не-претенциозен начин, без вишок метафори и ор-наменти, без ламентирачки трагизам, напросто параболично, сликовито, смерно и читливо:

Се качи на карпата гол

Убав како Аполон од Дел

Потоа скокна во вирот и нурна

кон дното право во небото долу.

Кога се појави над водата,

победнички ја крена десната рака.

Тогаш видовме – во раката

го држеше дискот на сонцето.

Ваквиот поетички модус ја прави поезијата на Башевски гномична колку и наративна. Во пое-зијата, имено, Димитар Башевски не престанува да биде раскажувач, само го преобразува поривот за раскажување во чин на имагинарни проблесоци и откровенија. Затоа во неговата поезија се вкр-стува наративната дикција со конфесионалната, сеќавањето се преобликува во чин на медитација, асоцијативноста добива мисловна димензија, како онаа својствена за источните филозофски и рели-гиски системи кои спознаваат преку искуство, а не апстрактно, преку слики и чувства, а не низ со-голени поими. Некогаш оваа комбинација остава впечаток дека се работи за рудиментирана проза, но всушност пред себе гледаме една исклесана песна. Една добра поезија.