Луан Старова

ТРАГИКАТА НА ЕГЗИЛОТ

(Од поговорот кон романот „Нема смрт додека ѕвони“, Мисла, Скопје, 1980)

Во романот Нема смрт додека ѕвони“, Димитар Башевски на едно високо творечко ниво, на еден сугестивно предочен свет, на еден прочистен и едноставен јазик, открива нови простори да се разбере тотатлитетот на судбината на современиот печалбар и откорнатик во еден универзален контекст, што претставува несомнен прилог во озознавањето на можностите на човековото минување низ времето. Заатоа овој роман ќе може суверено , низ универзалноста на уметничкиот јазик, да говори за еден проблем чии резултати се релевантни за многу дилеми на нашето време.