Санде Стојчевски

Поезијата на Башевски

(Извадок од поголем текст објавен во сп. "Акт" за книгата поезија “Аголен кламен”, Слово, Скопје, 2006)

Секој текст на писателот Димитар Башевски е искулучителен. Тој веднаш се препознава. Врзува за себе. Се издвојува по една навистина ретка особеност, според едно својство што се врзува за авторите кои не мора да уверуваат во постигнатата трајност на нивните книжевни заложби: на неговиот текст веднаш и беспоговорно му се верува.... Ова се однесува на романите на овој наш истакнат писател, но тоа е без двоумење и едно од главните обележја на неговата поезија, со која успеа да го плени вниманието на љубителите на сериозната лирика… С# во овие песни е суптилно, дискретно, крајно деликатно… Песните во Аголен камен се доживуваат како мали, всушност, како големи психолошки студии. За нашето патување, за нашето вртење во круг. За несомнените грешки, за излузијата дека сме успеале да погодиме, или барем дека сме на дофат на целта.