Веле Смилевски

АНТЕЈСКАТА ТЕМА ВО ОПУСОТ НА ДИМИТАР БАШЕВСКИ

(Од поговорот кон Димитар Башевски: Враќање, второ издание, 1993)

Прозата на Димитар Башевски покренува важни прашања од доменот на нашата современост. Тој пишува едноставно, со евидентна леснина во исказот, , неговиот текст е исполнет со автентични слики од живоотот и, како таков, возбудлив и интересен за читање. Луѓето што егзистираат во делата на овој автор нашле прониклив толкувач на своите растреперени внатрешни светови и тажни судбини. Оовој факт, секако, го подразбира и естетскиот дострел на троманите на Димитар Башевски. Стилската и јазичката кохеренција и впечатливата инвентивност при вивисецирањето на на животната материја и при нејзиното уметничко транспонирање со белези на потврдени вредности и препознатливи специфики и на неговиот опус му даваат статус на важна и неодминлива компонента во поновите текови на македонската проза.