Предраг Протиќ

ТАЖНА ПРИКАЗНА

(За романот Враќање, Багдала, Кружевац, 1973)

Романот „Враќање“ на Димитар Башевски зборува за тоа дека човек може да се врати, но дека вистинско врачжќање нема. Се одликува со топлина и со ненаметлива хуманост и тоа секако би била главна одлика на оваа , и инаку, добра книга. Тоа е краток роман, по малку поетски, по малку опор; тоа е тажна приказна за живоотот и од таа тага можеби произлегува она поетското во романот. А тоа поетско на нас делува и благодарејќи на тоа, романот лесно ги придобива симпатиите на читателот.