Мајсторот

Раскажувачот на фантастични приказни, самоукиот писател (ако така може да се каже за писател) од К., Петре Петрески, автор дури и на една книга, кој постојано ги предизвикува луѓето со раскажувачки чуда (како нос во тежок капут шета горделиво по улици, како некоја рака се откинува од телото и се пика под женски фустани, како магаре рика во градскиот саат во Прилеп и сл.), пролетта таа година реши во Македонија да испроба еден случај што го опишува писателот Рјунусуке Акутагава во Јапонија под наслов “Змеј”. Имено, таму во расказот на Акутагава, некој свештеник по име Охана но Куродо Токугио, со прекар Ханазо, бидејќи имал голем нос, кај една жална врба на брегот на езерото Сарусава, ставил табла со натпис: “На трети март од ова езеро ќе се појави еден змеј и ќе се вознесе на небото”. Човекот сакал да се пошегува, покрај другото зашто му се потсмевале за носот, а сепак, не случајно го одбрал змејот за шегата, тоа важно суштество во јапонската митологија, гласникот за почетокот на будистичката света служба. Уште првиот ден оваа случка станала предмет на разговор на целиот град, а потоа веста се проширила во многу покраини на Јапонија. На денот 3 март кај езерото стигнал голем народ со коњски и волвски коли и растегнал шатори по брегот околу, чекајќи да се појави змејот.

Петре Петрески пак, знаејќи го ова, во малото место К., во самиот центар на селото, каде што е и фурната со познатиот вкусен леб, потајно ноќе, без да се знае дека е тој, намести табла со натпис: “На 21 март, Денот на пролетта, од покривот на куќата на биоенергетичарката Ирина во К., ќе се крене голем фалус со црвена глава”. Знаеше дека зборот фалус е непознат и збунувачки за К., но токму затоа и го стави тој збор, да се чини сериозно, а беше сигурен дека некој, па можеби и тој самиот, ќе се најде да објасни дека е тоа она што народот го вика “алат”, а потоа сите во целиот крај, ќе знаат. Додека оној Токугио го имал предвид местото на змејот во јапонската митологија, кој го огласува почетокот на будистичката света служба, Петре го имаше предвид фалусот како симбол на плодноста во балканската митологија, како предмет на многу народни приказни и како важно суштество во мераците, во фалбите и во соништата на луѓето. Но го имаше на ум и тоа дека луѓето од К., особено жените, главно жени на мајстори кои работеа по градовите и со денови не се враќаа дома, сакаа да се прикажуваат како Пенелопи. Петре сакаше да се шегува и, како и во своите раскази, да им приреди на луѓето изненада. А сепак и нешто повеќе, сакаше да види дали и во современото доба останале наслаги на суеверие од митолошките времиња и до кој степен. Зашто и од науката е речено, дека и кај најголемите агностици и неверници, останале наслаги дури и од тие дамнешни митски, предисториски епохи. А пак не случајно, исто така, што тоа чудо, со црвена глава, ќе се вознесело на покривот од куќата на биоенергетичарката Ирина. И не случајно, што писателот и самиот шеретски она фалус, на фурнаџијата од К., на пример, му го објасни како “алат’, алудирајќи можеби, со оглед на приказните меѓу луѓето, и на мајсторот Јанчо, кој почна многу често да оди да се лекува кај Ирина.

Прва покрај таблата помина една жена со мотика на рамо. Го виде напишаното, полека прочита, и направи уште два чекора натаму. За таблата како табла не се чудеше, зашто во последно време табли со натписи се појавуваа дури и во селата со реклами за разни производи, но амп; беше чуден оној збор фалус, ем сеќаваше што е, ем не сеќаваше. Во еден момент помисли да не се работи за петел, црвен петел на покрив, што би било горе-долу нормално. Оти петел на покрив се качува, збор да нема. Пооде уште три чекори и пак застана. Од влезот на фурната ја гледаше фурнаџијата и се смешкаше. Нему веќе му беше јасно и сега уживаше што жената онака се чуди.

“Каков петел, Нуме, ќе се качел на чатија?”, праша жената.

“Мори не петел“, се исклешти тој и амп; покажа на раката до лактот.

Таа ја сврти главата. Господ да чува! Во “Св. Димитрија” фреските сами од себе се осветлиле, во Долнец некоја рака од зад ридот мафтала со коњска грива, кај нас еве машкудија на чатија... На телевизија, пак, поинаку кажуваат, не било така, туку било инаку. Се борат Господ и Ѓаволот. Таа сега, одејќи надолу по патот, пак се сврти кон таблата. Чудно, сега ова со натписот ја потсети дека таа скоро сонувала како токму еден таков, црвен, како што пишуваше на таблата, се пикнал кај неа во кујничето кај што беше подзаспала, на топлото. Како некој смок се пикнал и се исправил пред неа со глава како црвен зумбул. Се истегнал простум и низ оџакот, низ темното, се испикал нагоре.

“Хм”, стори таа потпрена на мотиката, “може, може…”

Во еден момент од пенџерата на малата месна канцеларија, насмеан до ушите, се појави матичарот. Сега тој слатко се истегна по третата добиена партија белјот со пензионерот РТ, возач на камион со приколка. Кај матичарот се повеќе доаѓаа за смртовници. Затоа, писателот Петрески можеби имаше право, дека е потребно да се нагласи симболот на плодноста, алатот без кој не се раѓаат деца (барем во К.) и нема иднина во овој наш живот. И не случајно го избра самиот Ден на пролетта, кога почнува с# да зазеленува, да расцутува и да се подготвува, да се отвора цветот, за да го прими семето од алатот што господ го направил за луѓето да се множат. Тој, се разбира, одбра шеговит начин, но нека е и шеговит.

“Охо”, рече матичарот, “дојде моментот на вистината”, алудирајќи на онаа позната американска тв емисија.

Потоа тој, веќе по втор пат, се истегна на прозорецот.

Жената која се уште не беше далеку одмината, го слушна.

“Не веруваат веќе во ништо”, рече прекорно.

Беше лето, туристичката сезона беше почната, та по главниот пат крај К. бучеа автомобили и автобуси кон езерата горе. Матичарот кој с# уште беше на прозорецот, во еден момент го крена погледот кон небото и таму виде како минува млазен авион. Бучењето во еден момент се слушна и долу над куќите од селото, а потоа полека исчезна натаму кон егејското небо. Автобусите што возеа кон езерата, речиси редовно застануваа кај црквата на Древен, луѓето излегуваа на мал одмор и притоа, во отворот на железната врата од црквата, зад кој имаше каса, пуштаа пари за здравје. Повремено АГ од К., одговорен по црковни работи, одеше и во пластична кеса ги носеше парите, секаквви валути - домашни денари, потоа долари американски, канадски и австралиски, евра од Грци и Италијанци, порано драхми и лири, шведски круни, српски динари, бугарски левови, па и албански лекови. Тој рака не пушташе кон парите. Знаеше дека ќе му се исуши ако земе црковно. Кон единаесет часот, на една маса во кафеанчето, на самата главна улица во К., дојде писателот Петрески, големиот фантаст и фантастичар, самиот тој лично поттикнувач на ова дејствие што се одвиваше сега во селото. Седна невино на масата, си порача едно кафе и зеде да посматра. Си имаше ставено, за секој случај, темни очила. Во тој момент, таму преку каналот со вода, помина една сурија кучиња, кои воопшто не обрнуваа внимание на ништо што се случуваше наоколу, загнати по една кучка што се пцукаше. Ете ти, си рече, писателот, почнува. На едно цветче, можеби меѓу првите цветчиња тој ран март, со жолта главичка, како герберче, малку подалеку во неговиот поглед, два модри жужели се пареа, подмрдувајќи по миризливата површина, за да им биде убаво. Малку понатаму, реката бучеше под мостот, силна од топењето на снеговите горе. Вдолж нејзиниот тек, напупуваа врбите и овде-онде никнеше кукурек. Петрески повремнено го креваше погледот, а потоа го спушташе, гледајќи во една мала книшка со наслов “Народни еротски приказни”. И кревајќи и спуштајќи го погледот, ја читаше волшебната приказна за големиот смок што амп; влегол на невестата в куќа, дури била сама. Нешто слично како што амп; влегол смок на Олимпија, жената на Филип Втори, божем богот Амон, а всушност итрецот Нектанеб, по што таа го роди Александар. Ако можело тоа да биде, зошто да не може алатот, нарочито ако е на Јанчо, да не се вознесе на покривот на Ирина! Ова си го помисли писателот, а сепак, во еден миг, ни тој не беше сигурен дали е тоа можно, како оној Ханазо кој во еден момент, иако творец на споменатата табла, и самиот почна да се колеба дали е тоа можно или не. Можеби е можно! Но вистина е едно: дека целото село, а потоа и целиот тој крај, почна да зборува за можното појавување на “змејот” на покривот од куќата на Ирина, независно од која вера беа луѓето. Изгледа, тој беше за сите ист, за сите важен, за сите мил, независно од вера, раса, потекло и политика. Продавачката во колонијалот спроти кафеанта, доаѓајќи да си порача кафе и да си го земе со себе во продавницата, ја забележа таблата, го прочита написот и отпрвин почна незапирливо да се смее, но кога го виде сериозноито лице на писателот, кој баш тогаш го крена погледот кон неа, запре. “Може, може”, рече тивко сега и таа како онаа жена што замина со мотиката на рамо.

“Навистина ли ќе се појави?”, го праша сепак сериозно писателот.

“Треба да се прашаш себеси”, рече официјално Петрески. “Сакаш да се појави или не сакаш?”

“О”, извика еуфорично таа.

Потоа силно замавна со главата наназад, чувствувајќи како русата коса амп; се развејува по горниот дел од разголените плеќи. Секако, таа и самата веќе имаше слушнато дека гласовите за вознесувањето на фалусот се слушнеле и во селата каде што живееја Албанци муслимани и Турци, исто така. Сите, без разлика на верата, зборуваа за овој случај и, нека се каже вистината, чекаа да дојде денот и да видат дека се кренал. И што е многу интересно, и самата Ирина биоенергетичарката, крупна, растресена, целата во мрдање, со фустан додека работеше енергија под кој немаше ништо друго, на голо, закопчан овде-онде во целата должина однапред, таа Ирина, која некои ја викаа енергетичарка, други гледачка, а трети, многу грубо, ебачка, и самата, божем со свои очи, видела како ноќе во дванаесет, еден голем фалус се издига сред нејзината куќа, директно пред неа, и како, слично како кај онаа жена што подзаспала во кујната, се кренал исправен пред неа, силен и црвен, а потоа влегол во оџакот и, низ темното, излегол надвор на покривот. Ова не било сон, туку амп; се видело, она како кога ќе се рече му се видело некому тоа и тоа или му се јавило, како кога некој светец некому ќе се јави. И, ова видување почна да се раскажува по селата и на подалечните општини. Некои, неверни, се смееја гротум, но многу луѓе се подготвуваа на 21 март, Денот на пролетта, да бидат во К. и да го видат тој необичен настан.

Ќе кажеме подоцна за тој настан и дека мајсторот Јанчо се нашол кај биоенергетичарката баш на празничниот ден. Но важно е сега да се каже за маката што беше ја имал тој. На доктор никако не одеше, а камоли за ваква деликатна ситуација во каква се наоѓаше сега. Се реши, најпосле, просто истуркан, изнасилен од жена му, да оди кај оваа божемна докторка, кај Ирина, која лечеше со биоенергија и, ако беше потребно, и со други техники. Алтернативна медицина. Во нашиве денови се намножија биоенергетичари, форезентичари, бајачи, тревари. Во малите огласи во весниците може да се прочитаат понуди од универзалци, кои лекуваат с#: мајасол, задуф, уплав, хеммороиди, косопас, црвен ветер, стомачни киселини, рак на дебело црево, кила, наглувост, ветрови и др. Слично беше и со религијата, крстови на сите страни – големи, железни, на планините, а мали висеа во сите такси-автомобили, на градите на фолк-пејачите и на тајкуните. Времето не оди право, свива лево-десно, исправа и пак се враќа. Не е како што беше, а и не беше како што е сега. “Докторката” Ирина, не објаснувајќи зошто, тој ден (беше тоа на самиот почеток на март) ги повикуваше да влезат пациентите макар што не беа дојдени пред мајсторот. Нему му даваше знак со раката: Ти почекај! За малку тој ќе си одеше, зашто одењево на доктор, па и одењето сега кај неа, му беше смрт. А таа итра. Го шдедеше. Знаеше за што се работи, претходно кај неа беше жена му на Јанчо, таа амп; кажа с# и ја организира оваа посета, мислејќи, нормално, дека од едно можно излекување, таа ќе има најмногу полза. Ирина имаше чуено и за приказните поврзани со “змејот” на Јанчо. Мажите раскажуваа, жените помолчуваа, смеејќи се задушено со раката на уста. Го врзувал за нога со ластик. Затоа носел прешироки пантолони. Кога се капеле на вир, алатот му пливал пред него како теле. Ама што дека. Жена му во некоја прилика рекла дека е многу жалосно. Имало година и пол како му бил ладен мраз, мртовец. Самиот Јанчо, пак, сега потиштено стоеше потпрен на ѕидот во ходничето и после секој што ќе влезеше, имаше настроение да избега, ама немаше храброст. Бидејќи мораше да почека, немаше друго, тој сега стоеше потпрен на ѕидот и низ еден мал прозорец гледаше во тревнатиот двор од “амбулантата” на Ирина. Прозорецот беше овде-онде со дамки од муви, а сепак можеше низ него да се гледа надвор и да се скрати времето на чекање и да се поднесе маката. Надвор, на тревата, шеткаа неколку кокошки и еден петел, оди-оди клукни во земјата. Сега петелот, кој со својата голема црвена кикиришка личеше на швајцарски гардист, одеднаш амп; се качи на една кокошка, турна одназад, а потоа брзо слезе. Направи грррркрррркрр, удри дватрипати со крилјата за да објави дека е свршена работата, и пак почна да си колва во тревата. Никому ништо - ни подароци, ни молби, ни солзи, ни ветувања. Кокошката од своја страна не ни мрдна. Како некоја патријархална селанка за која е срамота да мрда. Јанчо го тргна погледот внатре кон ходникот. Божем му завидува на петелот. А беше и многу срамежлив, како некое дете на чесна сестра. Редицата луѓе (идеа од цела околија) се истенчи. Беше веќе речиси крај на работниот ден кога тој, последен влезе кај “докторката”. Таа не гледаше во него, божем се преправаше како кон дете што се срами или како да имаше грижа на совест. А тој само по растот беше, да речеме, како дете, не беше некој крупен маж, ами обратно, кус и слаб. Ременот од пантолоните пикнат во стомакот така што целиот се покажуваше малку свиткан. Рацете долги дури до колена. Чевлите, градежни, исто така големи, му одеа речиси пред носот. Многу видливо широки сини работнички пантолони. Бидејќи подвиен во половината, главата, заедно со носот, крупен и насочен далеку право, исто така му одеше малку понапред откоплку што би било нормално. Во погледот, под веѓите, беше сосема благо разрок. Воопшто, изгледаше доброќудно и невино. Никому зло не би сторил. Конечно, дојде редот на Јанчо. Веќе немаше други пациенти. Во куќата на Ирина не беше студено, но Јанчо се ежеше од студ. Куќата, или подобро куќичката, беше од поновите типови, влез, ходниче, една просторија лево, една десно. Градена од мажот амп;., земјоделски техичар во “Лозар”, пред да почине, како што се вели, по кратко боледување. Листот со напечатената жална вест, формат 15х22 см., избледен, с# уште стоеше залепен на влезната врата. Јанчо стоеше исплашен, божем го чека бесилка.

Мирисаше на ќуќур.

Кога влезе, таа му се насмевна. Не шеретски, туку онака како на збркан или на болен. Со доверба.

Тој несвесно ја спушти десната рака долу кон ципата.

“Знам”, рече сигурно таа. “Те гледам”.

“Не сум болен”, рече тој.

Таа отиде надвор до влезната врата и ја затвори.

“Некоја те има исплашено”, рече таа и се насмевна.

Тој стоеше срамежливо.

“Сакаш едно кафе?”

Тој се исплаши. Како ќе држи филџан во раце што му се тресат. Ќе се усрами уште повеќе.

“Седни на креветчево”, рече таа, “да видам како ти чука срцето”.

“Ах”, стори тој, “мотики, мотики”.

Таа му ја зеде раката и со прстите го притисна благо на жилите кај зглобот на дланката. Му даде знак да молчи, а пак тој и така и така молчеше. Таа имаше бела, нежна рака. Тој малкуцка осети дека има мека рака. Таа осеќаше на перничињата од прстите како му чука срцето како на пиле. Мајстор, нема врска, луѓето се чувствителни. Јас лично можам да ви го потврдам тоа. Мајстори, возачи, магационери, стражари, мачовци, кога ќе дојдеа кај мене во канцеларија дури бев директор, малку-малку, само што ќе ги скараш, почнуваат да плачат. Сега Ирина му го заврти ракавот од кошулата уште повеќе нагоре, дури до рамото.

“Ууу”, рече, “пелцуван си бил ко дете, ти останале лузни”.

Многу полека, со целата дланка,таа потоа, божем рутински, му помина надолу по раката, му го симна надолу ракавот, но не го закопча. Тој с# уште седеше неподвижно на работ од креветчето, рамениците како малку да му се олабавија. Тој го почувствува тоа. Мала лабавост. Потоа Ирина рече да го слушне срцето одблиску. Ако срцето, рече, без потреба чука уплашено, човек не е способен за ништо. Полека, таа почна да му ја раскопчува кошулата, многу полека, нежно и благо. Тој не се побуни. Здола имаше прана маица. Полека тој легна. Ирина сега ги стави двете раце на неговите гради, помина лево-десно, а потоа едната дланка нежно ја спушти на срцето. Тој осети како му тупа под нејзината рака. И самиот се заслуша и слушна како полека се смирува.

“Осеќаш топлина?”, рече таа.

Тој потврди.

Таа уште една минута врвеше со дланката околу срцето и со врвовите на прстите по градите и надолу до ременот од пантолоните. Таа сега побара тој да го откопча ременот и да се разлабави, да ги симне сосема пантолоните, чорапите и чевлите. Тој ја гледаше колебливо. Таа полека му помогна и сега тој лежеше по платнените, три четврти долги гаќи, исто така прани, не беше олабавен, но не беше смрзнат. Таа го имаше оној фустан, очигледно на голо тело, бидејќи наместа незакопчан, се отвораше. Градите амп; се подзанишуваа и кога ќе се наведнеше, се гледаше длабочината меѓу нив. Сега отиде со дланките долу кај стапалата.

“Ух”, рече, “ама ти се ладни нозеве…”, а потоа: “ Сега осеќаш топлина?“, а потоа пак помина со дланките околу стапалата.

Тој успеа да го поткрене за некој милиметар вратот од креветчето без перница и да потврди дека се стоплува. Таа уште неколкупати помина со дланките по стапалата, потоа нагоре по нозете с# до почетокот на гаќите, а потоа рече:

“За денеска е доволно. Дојди утре во истото време”.

Тој не стана веднаш. Една минута, онака, си лежеше.

И што се случи? По тој ден, Јанчо, кој толку имаше страв од лекари и од лекови, па и од гледачки и од енергетичарки, малку-малку одеше кај Ирина да се лекува. На жена си амп; велеше: Пак треба да одам! Ќе поминат ден-два, ете го него. Ирина го примаше и, постепено, го лекуваше со мали дози. Потоа, постепено, почна да му дава задачи. Се свршија цепените дрва, па тој да земе да нацепи и да ги смести долу во малата визбичка под една од собите на куќата. Подоцна таа му кажа дека еден од прозорците се подискривил, не затвора добро, малку да го стругне, да легне во жлебот. Дел од дворот таа го садеше домат и пипер, дојде време да се копне, прво копање, и да се фрли ѓубре. Засега поголеми градежни работи за него како за мајстор, немаше. Но ќе има, куќарчето си бара. Таа почна да му се жали дека од стоење, ја болат зглобовите на нозете долу, над стапалото, треба да си земе ортопедски чевли, ама не се стигнува ни со време ни со пари. Тој, страмежливиот Јанчо, одиде еден ден во Битола, и со прашување од човек на човек, најде дека ги има во аптека. Ги купи и возбуден чекаше да амп; ги подари, не да амп; ги подари, се срамеше, туку онака, да амп; ги даде. Можеби за празникот. Јанчо стана приказна. Писателот Петре Петрески, авторот на онаа табла со натписот за Денот на пролетта, го остреше перото. Онака, со темни очила, тој секој ден седнуваше во ресторанчето, набљудуваше и ги слушаше разговорите на луѓето. Тоа пладне, маж и жена, помлад пар, Албанци од Долнец, седнаа да испијат по една фанта. Жената, убавка, со црвени образи и бујна коса, и со природно црвени усни, се прибра малку кон мажот и (писателот тоа го слушна) тивко му рече: “А ëсхтë е вëртетë ајо љë схкруан атје?” (Вистина ли е она што пишува таму?)

А тој:

“По, мељë схкруан” (Да, штом пишува), и двајцата се удрија со рамената и се насмееја.

Денот 21 март сосема се приближи и писателот Петрески гледаше дека се прават подготовки. Две жени, самоиницијативно, ги собраа сите пластични шишиња и други наноси што беше ги фрила в страна водата од каналот. Сопственичката на ресторанот, со силна чивит боја ги намачка двата столба што ја држеа сеницата над надворешниот дел над масите. Чаршафите, дотогаш со дамки од сенешто, сега беа испрани и светеа. На онаа мала тераса, со наноси од лисја дури од минатата есен, сега беа изнесени десетина леандри, во големи штичени качиња, за да го примат благодатот на пролетта. Селските нужници на самиот брег од реката, досега забаталени, исто така беа исчистени и варосани, и на вратите со бела боја обновени оние две тркалца. Се виде дека човекот си сака празник, сака да го прекрши секојдневието, да ја обнови енергијата, да се испере кошулата, да се истресе покуќнината. Да се истресат и јамболиите, кој ги има, и да се складираат до следната зима. Поштарчето го запали моторчето марка томос и летна да ја разнесува поштата по селата, а и да ја раскажува приказната за Денот на пролетта.

На 21 март, сонцето удри топло и раскошно. Вдолж сета онаа улица, од кривината што се искачува кон Древен па с# долу до негогашната цвеќарница, беа паркирани автомобили. Луѓето, мажи и жени, па дури и помлади девојки и момчиња, излегуваа во весела расположба и подготвени за возбудата на денот. Од едно комбе излезегоа и двајца музиканти, еден со тапанче и еден со грнета. Реков, имаше луѓе што се потсмеваа на сето ова, на идејата дека некој “змеј” ќе се вознесел од куќата на Ирина, но сепак се смееја, а не плачеа, им беше интересно и беа тука, да слават. Сопственичката на ресторанот и онаа продавачка во колонијалот, расцутија. Почна да се купува и да се троши. Писателот Петрески денес, во таа врева, не можеше ни да се преправа дека чита. Не беше можно, а и не му беше важно. Жештината, колку што може да биде најмногу жешко при крајот од март, дојде до својота највисока точка, а потоа постепено, дури неосетно, откај планините зад вештачкото езеро, почнаа да се насобираат облаци. Силно се сгуснаа и поцрнеа. Се виде и како ги распарува првата секавица. Масата луѓе беа собрани на широкото наспроти куќата на биоенергетичарката Ирина и чекаа. Речиси за миг удри силен дожд, толку силно, еднакво како оној ден над езерото Сарусава во Јапонија. Почнаа грмотевици и светкања. Во еден момент, удри дожд со ветер, луња, се чинеше дека ќе ја сплеска куќата на Ирина. Во таа бура, никој не ја забележа неа. Некој го видел Јанчо пред да удрат горомовите, но потоа никој не се интересираше. И при едно силно светнување, некои луѓе свикаа дека од покривот на куќата на Ирина, се вознесува голем фалус, со црвена глава. Исправено и моќно, над самиот покрив, црвен во главата, поцрвен од пламењата што слегуваа од небото.

“Ене го”, викна продавачката од колонијалот и брзо си ја стави раката на устата. Потоа, не можејќи да се воздржи, уште еднаш викна “Ооо!” Народот се туркаше на дождот, во исто време и восхитен и исплашен.

“Го виде?”, викна онаа жена со мотиката.

“Ах, çфарë мадхëсхтие” (О, каква големина), рече оној Албанец од Долнец, на начин што не беше сигурно дали се подбива.

“Ама не, тоа е оџак. Оџакот е. Такви тркалезни од глина прават во Вранештица, Кичевско”, рече оној пензионер, возачот на камион со приколка, ТИР.

“Глупости”, рече некоја жена.

“Тогаш зошто го снема?”, рече малку засрамено возачот.

Во тој момент дојде редот на писателот Петрески. Тој беше тука наблизу и искористи да го цитира Карлос Фуентес. Рече: “Ни една ерекција не трае вечно”.

Од под сеницата кај масите на ресторанот, се слушна удирањето на тапанот и завивањето на грнетата. И како што се извиваше и чиниш полека се губеше свирката, така престануваа и се оддалечуваа светкањата и грмотевиците. Најпосле престана и дождот и с# се смири. На небото се појави сонцето и го облеа денот со таква раскошна светлина, каква што не се памети ни на еден Ден на пролетта многу години, ако не и векови наназад. Зар слична светлина не се појавила оној ден над езерото Суросава? Луѓето се разлабавија и свирката и удирањето на тапанот продолжи меко. Тогаш некој викна:

“Кој?” се огласи друг.

“Енергетичарката и Јанчо”, рече оној.

И тогаш многу од луѓето тргнаа кон куќата на Ирина. Но Ирина и Јанчо веќе беа излезени од дома и се провираа натаму меѓу куќите, напуштајќи го К. Некој, кикотејќи се, рече дека оној што се вознесол на покривот бил на Јанчо, не знаејќи дека тука наблизу беше жена му на мајсторот. Таа го слушна ова и се досети дека Јанчо и тој ден отишол на преглед. Сега таа не знаеше дали да се радува или да колне. Стоеше збунета, тапкајќи в место. Да, Јанчо и тој ден отиде на преглед. Ирина знаеше дека е веќе на патот на нејзиниот најголем успех. Во изминатите денови, особено ноќи, таа мислеше на него и, замислувајќи го, сакаше некако ако е можно да не биде таков, да биде повисок, построен од стомакот нагоре и да биде со повисоки потколеници долу, да биде поисправен и да му биде и носот малку поизведен, а и гласот подлабок. Но тоа не беше можно. Не може Господ да ги дари сите дарби. Таа сега, на овој Ден на пролетта, со многу нежност го енергизираше, врвејќи со меките дланки по неговото тело. Тој ги соблече и пантолоните, сосема се соблече и, во еден момент, свртувајќи се малкуцка на креветчето, неговиот огромен алат амп; панда нејзе на дланката. И таа тогаш го фати со целата рака и го праша Јанчо дали осеќа топлина. Тој воздивна и рече дека осеќа. И тогаш тој навистина осети и таа виде како му се исправа со сета сила и со црвената глава пробива нагоре кон таванот. Изгледа баш тогаш, во тој момент, луѓето што беа собрани надвор го видоа “змејот” како се крева низ покривот, тогаш кога и онаа жена, продавачката во колонијалот, крикна “Оо” и кога праша дали го виделе и другите.

Кога заврши празникот, писателот Петрески се повлече дома, и почна да пишува расказ баш за настаните што се случија, а и за оние што ќе се случат, зашто тој можеше веќе да го предвиди крајот. Во оној момент, сред луњата, Ирина и Јанчо излегоа од дома и брзо и потајно се провлекуваа низ уличките на селото. Народот полека се разотиде, додека тапанот и грнетата се уште се слушаа, задржани од последните кои празникот ги остави во голем ќеиф и ги пиеја последните чаши во слава на пролетната плодност и во слава на оној , што се вознесе на покривот. Ирина и Јанчо не знаеја точно кај одат, тие само возбудени, луњаа нагоре низ боровата шума крај главниот пат и првин излегоа кај црквата на Древен. Отспротива на црквата, на околу половина километер, сред шумата, имаше напуштена шумска куќа. Во дворот жубореше силна вода и се ширеше мирис на боровина. И тука, во некогаш убавата, но с# уште сепак несроната куќа, Јанчо веќе излекуван, го потврдуваше своето здравје, размавтувајќи со својот алат од високото с# таму долу до вакувските ливаѓе. Не постоеше никој и никаде, само ова здравје и Ирина, која и натаму го енергизираше. Таа сега веќе не мислеше што Господ не го надарил Јанча и нагоре, да биде виток, висок и извиен, и долу да има високи потколеници. Немаше ни време да сонува, зошто да сонува? Се разбира, ова не беше младешка љубов. Ова беше она што народот го вика “им летнал умот”. Нему му се беше вратило здравјето, благодарение на нејзината топлина и вештина, а нејзе амп; се беше смачило вдовиштвото и разните пациенти. И, амп; амп; се допадна Јанчо карактерно, онојпат кога го виде како му се крева нагоре, точно на пролетната рамноденица, силен и црвен како оџаците произведени од глина во фабриката во Вранештица. Летото луњаа низ целата Горна и Долна Преспа. Еднаш, во едно скришно заливче се искапија и ги сменија алиштата, облекоа нови, таа блуза тој кошула со куси, што ги купи Јанчо од Стоковната во Ресен, со парите што ги земаше од штедна книшка. Мајсторската заработка низ годините. И таа носеше книшка и лична карта. Повремено, тој земаше мајсторска работа по преспанските села, помали зафати, некоја сеница, искривен прозорец, кокошарник, летно кујне. Таа се вртеше околу него, седната во некоја сенка, или пак, ретко, го чекаше во шумската куќа. Нормално, приказната за двајцата бегалци, се раскажуваше на сите страни. Понекогаш, тој се обидуваше да се тргне настрана, замислен. Но таа, не му даваше. Мислењето носи сак’лма. Тој двапати скришум дојде до К. и онака, потајум, божем Силјан штркот, од меѓите си ја гледаше куќата и ќеркичката, седмоодделенка, како чита во дворот, некоја лектира зададена за читање во летниот распуст. Другиот пат ја виде и жена си како се враќа од колонијалот, со една ќеса в раце. Се враќаше кај Ирина црн како јаглен. На појасот постојано, пикнат со рачката под ременот, носеше еден чекан. Секогаш кога ќе замолчеше и ќе потемнеше од јад, таа му приредуваше нова биоенергизација. И постојано го прашуваше: Осеќаш топлина? Или додека нешто потперуваше наведната, го намамуваше да амп; го стави одназад. Знаеше дека тој, бидејќи с# уште малку срамежлив, така најмногу сака. Таа се виткаше, а потоа се кикотеше и кикотот се огласуваше во удолницата меѓу боровите. Тогаш тој, одново живнуваше и во него се креваше некоја милина што го тераше да го викне во себе она што и други пред него го викале: Стопанка му, еднаш се живее! И, и тој, исто така, онака кус и свиен, извикуваше неартикулирано, расмавтуваше како оној петел во дворот на Ирина, за да објави дека работата е свршена. А сепак, не беше исто. Ќерка му, Аничка, немаше мобилен. Од парите за препокривање куќа во Волкодери, амп; купи едно телефонче марка нокиа. Скришум една вечер, слезе до куќата на писателот Петрески во К. и му рече да амп; го даде телефонот нејзе, да амп; рече од него, од татко амп;. Јанчо. Таа не го примила. Тоа го скина. Тогаш, затскривајќи се, се расплака. Ирина му вели:

“Оди си ако сакаш. Јас не те држам”.

Тој молчи. Сака, ама не може. Не сака.

И тоа траеше така тоа лето. Еден ден, среда 17 јули, тој влезе во полициската станица во Ресен.

“Ја убив”, им рече.

Ја убил со чеканот што го носеше под ременот.

Писателот Петрески седеше во ресторанчето во К., пиеше мало пиво, и се премислуваше дали и следната година да приреди прослава за Денот на пролетта, но се сети дека Јанчо го нема, а и двајцата музиканти, тапанџијата и грнетистот, биле уште отсега ангажирани за истиот ден во Рајца.